![ВНИМАВАЈТЕ: Водата на овие локации во Скопје не е безбедна за пиење](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/c8/6a932d8c-resize-820x0x100.jpg)
Општина Кисела Вода соопшти дека на каптираните извори со небезбедна вода за пиење на нејзина територија во Општината поставени се осум табли со предупредување.
– Согласно испитувањата направени од страна на Институтот за јавно здравје, неисправност на водата за пиење е утврдена на следните постоечки каптирани извори-јавни чешми на територија на општината: Селската чешма во селото Драчево, изворот на Стакларница, во близина на Св. Теодор, на кривината во Бабин Дол, јавната чешма под црквата Св. Ѓорѓија, и кај црквата Св. Елена и Константин, под црквата Св. Ѓорѓија, три чешми, Горномаалската чешма во селото Драчево, како и каптираниот извор кај црквата Св. Руса во Пеленица, село Драчево, соопштија од Општина Кисела Вода.
Информираат дека на изворот кај кривината Св. Петка, Црниче, УВ ламбата е заменета со нова, додека на изворот кај Св. Ѓорѓија, е поставена станица за хлорирање, испитана е и пуштена во употреба.
извор: скопјеинфо.мк