
Темнозелениот „Кадилак“ во кој Тито возеше многу светски лидери е во одлична состојба и се изнајмува на туристи за 1.350 евра на час. Официјалната летна резиденција на Јосип Броз Тито беше во Бриони на Истра и една од главните атракции на островот е токму овој автомобил.
До 1979 година, претседателот на Југославија возеше бројни државници, како египетскиот претседател Абдел Насер, индиската премиерка Индира Ганди, но и актерските sвезди Софија Лорен, Елизабет Тејлор и Ричард Бартон. Последната славна личност која го изнајми овој автомобил секако за потребите на филмска сцена, беше актерката Салма Хајек.