Грција уште од мај ги повикува туристите и со оглед на моменталната состојба, релативно е лесно да се патува ако ги исполнувате условите за влез и ако имате соодветна здравствена документација.
Туристичките места низ целата земја, вклучувајќи ги Акропол и Партенон, се отворени, како и ресторани, барови и таверни. Но, брзото ширење на делта-варијантата стана причина за загриженост оваа недела, поттикнувајќи ги властите да вратат некои рестриктивни мерки низ целата земја.
Ако планирате да патувате во Грција ова лето, еве што можете да очекувате.
Дали можам да патувам во Грција од земја-членка на ЕУ?
Грција беше една од првите земји што го пробаа ЕУ-дигиталниот сертификат што го олеснува враќањето на слободното движење низ блокот. Станува збор за дигитален или хартиен сертификат за жителите на ЕУ што укажува дека носителот ги исполнува условите за патување: целосно е вакциниран (последната доза примена најмалку 14 дена пред поаѓање), прележал ковид-19 или има негативен ПЦР-тест или антиген-тест земен во рок од 48 часа пред патувањето.
Со дигиталниот ковид-сертификат може да се влезе во Грција без карантин и дополнителни барања за тестирања.
Дали можам да патувам во Грција од земја што не е членка на ЕУ?
Грција е отворена за патници од дестинации надвор од ЕУ и шенген-зоната со ниска стапка на инфекција. Според грчкиот туристички одбор, овие земји се: САД, Велика Британија, Србија, Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Тајланд, Руанда, Сингапур, Обединетите Арапски Емирати, Русија, Израел, Канада, Македонија, Украина, Кина, Саудиска Арабија, Катар, Кувајт, Белорусија, Бахреин, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Јапонија, Либан, Азербејџан, Ерменија, Јордан, Молдавија, Брунеј и Косово.
Туристите што пристигнуваат од овие земји мора да покажат или доказ за целосна вакцинација или документ дека го прележале вирусот или негативен ПЦР-тест.
Засега, Грција е затворена за земјите што не се на листата.
Дали ми се потребни ковид-документи за да патувам помеѓу грчките острови?
Кои вакцини ги признава Грција?
Прифатени вакцини се: „Фајзер“, „Модерна“, „Астра зенека“, „Џонсон & Џонсон“, „Синовак“, „Спутник V“, „Кансино бајолоџикс“ и „Синофарм“.
Дали децата треба да се вакцинирани за да влезат во Грција?
Не, децата под 12 години можат да влезат во Грција без никакви тестирања или вакцинација. Но, децата постари од 12 години мора да покажат потврда за вакцинација, потврда за прележан ковид-19 или негативен ПЦР-тест.
Што друго се бара?
Дали можам да се тестирам во Грција?
Тестовите се широко достапни низ цела Грција во големите болници и центри за тестирање доколку ви е потребен тест за да се вратите дома. Тестирањето е достапно и на аеродромот во Атина. Цената на тестовите на национално ниво е околу 60 евра.
Што е отворено во Грција?
Генерално, повеќето места за туризам и угостителство се отворени и ги пречекуваат гостите со барања за одржување физичко дистанцирање. Сепак, брзото ширење на делта-варијантата во Грција ги натера властите повторно да ги засилат ограничувањата од 16 јули до 31 август за невакцинирани лица. За тоа време, само на луѓе што се вакцинирани и луѓе со негативен ПЦР-тест ќе им биде дозволен влез во барови, ресторани, кина, театри и други затворени простори во Грција. Правилата важат на национално ниво, вклучително и на грчките острови.
Рестораните, кафулињата и баровите се отворени, но услугата се обезбедува на отворено само со максимум шест лица на маса. Музеите и археолошките места, вклучително и Акропол, се отворени, иако се препорачува да резервирате билети однапред. Маските за лице се потребни на јавни простори во затворен и отворен простор и во јавниот превоз.
Плажите со организирани туристички активности имаат строги правила како дел од мерките за физичко дистанцирање на земјата. Чадорите за плажа треба да бидат поставени најмалку на четири метри растпјание и редовно треба да се дезинфицираат. Музиката во баровите на плажа е забранета за да се спречат луѓето да го подигнуваат својот глас за да бидат слушнати, преку што може да се рашират повеќе честички во воздухот.
Во области со високи стапки на инфекција се применуваат построги ограничувања. Кои правила важат за вашата грчка дестинација, можете да видите на мапата ТУКА.