Работодавачите во потрагата по нови вработени сакаат да се претстават на најдобар можен начин за да го привлечат вниманието на оние кои бараат работи. За таа цел користат различни техники на пишување огласи, со одредени фрази коишто треба да го направат огласот интересен и привлечен. Едно истражување покажува што најчесто се крие позади фразите кои се користат за пишување на огласите за работа.
Бараме флексибилни личности
Ова ни покажува дека компанијата можеби и не е доволно организирана, па затоа имаат потреба од добар лидер и тимски играч кој знае да се носи со секоја ситуација.
Насочени кон резултати
На компанијата ѝ е потребен вработен кој е подготвен да работи прекувремено кога ќе се соочи со кратки рокови за коишто компанијата има проблем да ги дефинира во разумен временски период.
Развиваат сопствена мрежа на контакти
Компанијата со ова порачува дека не ѝ е толку важен работникот, туку неговиот телефонски именик и неговите контакти.
Доверливи
Овој термин служи да се истакне како во компанијата треба да има разбирање кон новите колеги од страна на оние кои подолго време работат.
Ви нудиме атрактивно работно место
Тоа значи дека компанијата е сместена на луксузна и скапа локација, во која вработените ги имаат сите услови за работа.
Плата според учинок
Што сигнализира дека платата е може и пониска од вообичаеното.
Флексибилно работно време
Зад оваа фраза се крие желбата на работодавачот да ве задржи на работа подолго од она што е предвидено и за она за коешто ве плаќа.