Луѓето обично за лозинка користат некои од зборовите коишто припаѓаат на следните групи – ако е тоа случај и кај вас, идеално време е да размислите за промена.
- Имиња
- Датуми и родендени
- Храна
- Места
- Автомобили
Многумина како лозинка ги користат имињата на своите деца, омилената храна и слично, ова воопшто не е добра идеја, бидејќи хакерите може да бидат луѓе кои ве познаваат, па со самото тоа да знаат и одредени работи за вас. Дури и да не ве познаваат лично, многу лесно може да дознаат одредени информации за вас од социјалните мрежи.
Втората група, подеднакво ранлива, користи комбинации од броеви и букви:
123456789
123456
0987654321
654321
111111
1q2w3e4r
112233
123123
123321
abc123
1qaz2wsx
zxcvbnm
asdfghjkl
За да се спречат ваквите лесни лозинки голем број сервиси одлучија автоматски да ги блокираат оние кои содржат голем број последователни броеви или букви.
Еве уште една листа на чести лозинки кои воопшто не штитат:
iloveyou
Password1
Qwerty123
qwertyuiop
sunshine1
superman123
lol123