Tрендот на руралното претприемништво во Кина расте од ден на ден. Земјоделците и продавачите на земјоделските производи во далечните провинции продаваат стоки директно на урбаните потрошувачи преку интерактивни преноси во живо и кратки видеа на Douyin- кинеската верзија на Тик Ток.
Очигледно новиот тренд на продавачите им носи одлична заработувачка и голем број на следбеници на социјалните мрежи. Таков случај е земјоделецот од Кина кој има 7,3 милиони следбеници и продажба во вредност од 6 милиони јуани.
Друг земјоделец, преку Тик Ток платформата комуницира со своите 2,5 милиони. Имено, тој собира култури додека гледачите пишуваат преку апликацијата кои производи би ги купиле. Неговите видеа содржат секаков вид овошје, од мини тикви до диви праски. Сега добива дури 50.000 нарачки по пренос во живо и заработува најмалку 9 милиони јуани месечно само од продажба на овошје.
Пандемијата принуди повеќе од 23 милиони патници-трговци да останат во своите родни места. Кога националниот транспортен систем запре, земјоделските производи исчезнаа од складиштата. Во исто време, потрошувачите кои беа заглавени дома, почнаа да готват повеќе од кога било. Побарувачката за свежа храна нагло се зголеми, а овој вид трговија им овозможи на малите земјоделци ефтин начин да станат претприемачи.
Бројот на земјоделци кои вршат преноси во живо во Кина е огромен и рапидно расте. Експертите велат дека тајната на успехот е всушност мешавина од носталгија на жителите на градот кон природата, недоверба во традиционалните пазари поради скандали со безбедност на храната.