САД – Автомобилската компанија „Порше аутомобил холдинг СЕ“, која меѓу другото ја контролира и „Фолксваген групацијата“, е најновиот голем инвеститор којшто се стреми кон улога во вселенската трка, преку развој на ракети и на технологиите на иднината.
Компанијата, која е во мнозинска сопственост на семејството Порше-Пих од 1931 година, најави инвестиција во германската „Исар аероспејс“ – нова вселенска агенција која ќе се обиде да ги следи актуелните играчи во оваа област – „Блу ориџин“, сопственост на Џеф Безос, „Спејс-икс“ на Илон Маск и „Вирџин галактик“ на Ричард Бренсон.
„Порше“ за почеток, ќе вложи околу 63 милиони евра во новиот проект, покрај компанијата „ХВ капитал“ и швајцарската банка „Ломбар Одије“, како дел од финансискиот вкупен влог од 140 милиони евра досега.