Биткоинот надмина 40.000 долари.
Цената на биткоинот утрово беше 40.049 долари, и тоа е зголемување за помалку од еден процент за 24 часа во споредба со вчера, кога сите криптовалути скокнаа за над 10 проценти. Извршниот директор на Delta Exchange, Панкај Балини, изјави за Coindesk дека биткоинот ќе продолжи да расте и ќе го тестира горниот крај на опсегот на тргување од 30.000 до 42.000 долари. Етерот се тргува по цена од 2.309 долари.
Тргуваниот обем на етер, втората по големина криптовалута според пазарната капитализација, расте побрзо од биткоинот во првата половина од годината, според „Coinbase Global Inc“, најголемата берза за размена на криптовалути во САД, цитирана од „Bloomberg“.