Тврдеше дека пред неколку години броел монети за да се прехрани, во далечна Индија, а после само две години неговата стартап компанија се вивна кон небото со милиони долари во годишни приходи. Пред само неколку месеци бизнис приказната на Блаже Аризанов доби речиси епски пропорции кога локалните медиуми ја пренесоа веста за неговиот ненадеен успех во Индија. Стартап компанијата која Блаже Аризанов ја основа со својот пријател од Индија денес е една од најпопуларните и најконтроверзните компании во Индија која им овозможува на младите лубовни парови да си резервираат хотелска соба за краток престој и е редовно споменувана и проучувања бизнис приказна и студија на случај од страна на реновирани светски бизнис магазини како Форбс и Блумберг. Најновото од него е веста дека од Понеделник следната недела излегува неговата прва книга Белиот Трофеј, во која според него, инсајдерски ќе бидат опишани сите маркетинг техники кои ги примени за да ја доведе компанијата од нула до милиони.
Книгата ќе образложи мноштво пријатни и непријатни моменти за време на ова бизнис патешествие, вклучувајќи ги и деновите кога полицијата секојдневно им беше зад петици на неговиот тим, подбуцната од по-моралниот дел од населението кое длабоко ја осуди нивната мисија и ја сметаа за навредлива за традиционалните Индиски вредности. Белиот Трофеј почнува со кобниот ден кога двајцата последни вработени насилно му го кренаа мебелот од станот поради тоа што им должеше тримесечна плата и го оставија со ништо. Книгата се надоврзува со актуелни и минати трауми кои Блаже Аризанов ги имаа доживеано и за кој вели дека потсвесно ги управуваа неговите одлуки, дел од кои беа толку радикални што придонесе за агресивен конфликт внатре во тимот кој речиси ја распадна компанијата. Или како што вели Блаже Аризанов во официјалниот Фејсбук пост со кој ја најави книгата – Не сите бизнис приказни се опсипани со злато, не секогаш има палати светкавост, трофеи, туку само еден трофеј – Бел. Вака Блаже Аризанов ги именува мноштвото демони на кои авторот тврди дека се потпираше во моментите кога сите дури и неговиот сопствен тим се закануваа да му свртат грб.
Се на се ова е една извонредно нетипична бизнис приказна за нашите простори, за претприемач кој го помина детството во Струмичките полиња за да подоцна доживее вртоглав успех во земја половина планета понатаму.
извор: fakulteti.mk
Македонецот кој пред неколку години немаше за „леб“ , а сега неговата стартап компанија се вивна кон небото со милиони долари во годишни приходи
Vijest
-
Оваа апликација е број 1 во светот за навигација – дали мислите дека има подобра?
И покрај тоа што некои ги критикуваат дека додаваат сè повеќе функции, популарноста на „Google Maps“ продолжува да расте.
-
Кога е следниот неработен ден во Македонија?
Следниот неработен ден во Македонија е на 30 март 2025 година (недела), кога се одбележува Рамазан Бајрам. Бидејќи овој празник паѓа во недела, неработен ден ќе биде 31 март 2025 година (понеделник).
-
Анализа: Како расте минималната плата во земјите од регионот?!
За разлика од кај нас, каде од петни жили се мачиме како да дојдеме до некој денар повеќе, во другите земји е друг момент, па така животниот стандард за работниците со минимална плата значително се разликува низ Европа.
-
Кој е подобар возач, мажите или жените? Ова се дел од интересните факти!
Прашањето дали подобри возачи се мажите или жените е честа тема на дискусија. Често може да се слушне дека жените се помалку ориентирани и дека се лоши возачи, но ако ги погледнете статистиките – ќе видите сосема спротивни податоци!
-
Кога е подобро е да користите готовина наместо картичка?
Денес, повеќето од нас имаат помала веројатност да имаат готовина при рака. На крајот на краиштата, повеќето од купувањата што ги правиме може да се направат со картичка или дури и само со допирање на нашиот телефон. Но, финансиските експерти советуваат секогаш да носите барем малку готовина, па дури и да препорачате да ја користите за одредени набавки.
-
Гевгелија е Град на културата за 2025 година
Гевгелија е Град на културата во државата за 2025 година