Вашиот начин на размислување за парите е вашето целокупно чувство кон вашите финансии. Влијае на донесување финансиски одлуки во секојдневниот живот и игра голема улога во тоа дали ќе ги постигнете вашите финансиски цели.
.За да направите позитивни промени важно е да утврдите зошто вашата врска со парите е таква каква што е. Во оваа статија ќе прочитате како да го промените начиниот на размислување за пари и да ја подобрите вашата врска со парите. Ова ќе го подобри квалитетот на вашиот живот, намалувајќи го финансискиот стрес.
Како НЕ ТРЕБА да размислувате
1. Парите не растат на дрво
Кога размислувате на овој начин, почнувате да верувате дека е навистина тешко да ја подобрите вашата финансиска ситуација.
2. Парите се коренот на секое зло
Ако секогаш ги поврзувате парите со зло, тогаш е навистина тешко дека ќе ги подобрите вашите размислувања поврзани со стекнување пари. Почнувате да чувствувате дека е лошо да имате многу пари.
3. “Едноставно не сум добар со пари”
Навистина е опасно да размислувате на овој начин бидејќи почнувате да верувате дека не можете да научите нови работи и само ја прифаќате вашата судбина. Не можете да го користите ова како изговор за немање пари.
4. Богатите наследиле пари и затоа стануваат се побогати, за обичниот човек тоа не е возможно
Вистина е дека би било многу полесно за секој од нас доколку наследиме пари кои потоа со добро управување можеме да ги инвестираме и да заработиме уште повеќе. Сепак, дали тоа значи дека треба да се обесхрабриме доколку тоа не е нашата реалност? НЕ! Повеќето милионери и милијардери во САД(88% од нив) не пораснале во богати семејства. Сами го изградиле богатството што го имаат денес.
Со позитивен начин на размислување вие чувствувате дека ниту еден финансиски проблем не е невозможно да се надмине. Не се фокусирате на тоа колку е лошата вашата финансиска состојба туку барате решение за подобрување на истата.
Кога имате позитивен начин на размислување за пари, вие:
Барате решенија за вашите проблеми, наместо да ги гледате сите пречки
Верувате дека вашата финансиска состојба може да се промени на подобро
Ги прославувате малите достигнувања бидејќи разбирате дека малите чекори придонесуваат за голем напредок долгорочно
Благодарни сте за работите што веќе ги имате
За повеќе финансиски совети следете го инстаграм профилот на МОИ ФИНАНСИИ