Изгледа дека вселенската трка за враќање на Месечината нема да се случи толку брзо како што многумина очекуваа.
Американската вселенска агенција објави дека испраќањето астронаути до нашиот природен сателит до 2024 година нема да биде можно.
Причината е доцнењето во изработката на специјалните костими. Според претставник на НАСА, тие нема да бидат готови пред април 2025 година, и тоа во најдобар случај.
Вселенската агенција потроши повеќе од 1 милијарда долари за развој на костимите, при што вкупно 27 различни компании обезбедија компоненти за нив.