Веднаш по недвижностите, купувањето на нов автомобил претставува една од најголемите одлуки кои ги носите во Вашиот живот. Постојат голем број на алтернативи во даден буџет, што дополнително ја отежнува одлуката...
Одлуката за купување на возило се носи во три фази:
· Одлука за буџет и финансиска конструкција
· Одлука за ново или половно возило
· Одлука за бренд/модел
Во насока на помош при одлучувањето, ги наведуваме главните предности кои Ви ги нудат половните возила:
* Пониска продажна цена – споредено со нови возила, цената може да биде пониска меѓу 20-40% за возило старо до 5 години
* Помала крива на опаѓање на вредноста на возилото – новите возила ја губат својата вредност веднаш штом излезете од салонот. Со половно возило, цената има помал процент на опаѓање, а со тоа и повисока продажна цена во иднина
* Проверени модели тестирани на пазарот – бидејќи моделот кој го купувате е одредено време присутен на пазарот, веќе се знаат потенцијалните маани или фабрички дефекти за серијата
* Пониски трошоци за осигурување
Сепак, купувањето на половен автомобил знае да биде напорен процес, бидејќи мора да се проверуваат поголем број на механички и каросериски елементи.
* Широк спектар на брендови – возила од најпопуларните брендови, вклучувајќи и водечки возила од Opel и Chevrolet.
* Полесно финансирање – за да помогне во изборот на посакуваниот модел, одделот за финансии се грижи за најоптималното решение и заштеда на вашите пари.
* Комплетна сервисна историја на секое возило – сервисерите со долгогодишно искуство се грижат за целосна проверка на возилото од механички и каросериски аспект.
извор: faktor.mk