Дали знаете дека спиењето без перница има голема предност за вашето здравје?
Првите перници потекнуваат од античка Месопотамија. Биле изработувани од камен, а можеле да ги купат само богатите. За разлика од древните камени перници, денешните се меки и удобни, па многумина не можат да спијат без нив.
Зошто треба да спиете без перница?
Се намалуваат болките во грбот
Некои перници се неудобни, па поради тоа може да имате проблеми со грбот. Кога спиете без перница, `рбетот се одмара, а телото е во неговата природна положба.
Се спречува главоболка
Ако се будите со главоболка, можеби за тоа е виновна вашата перница. Високите перници предизвикуваат напнатост на мускулите во вратот, па поради тоа може да се разбудите со утринска главоболка.
Се ублажува стресот
Неудобното спиење може да биде причина за пореметен сон. На тој начин, телото има помалку време за извршување на многу важни функции, па недостатокот на сон може да влијае врз вашето здравје.
извор: kajgana.com