Овен
Дали сте подготвени? Ѕвездите ви подготвиле сосема нов животен циклус, денови исполнети со активности, нови луѓе и нови професионални перспективи. Да се надеваме дека сте се наспале во текот на пораниот период, бидејќи пред вас е период за активности.
Бик
Дали ќе дојде до некои промени во наредниот период? Секако тоа е прашање на кое ѕвездите ќе ви пружат одговор. Голема е веројатноста да отпатувате на некоја егзотична локација или можеби да ја смените работата и да сретнете интересни луѓе. Се е можно со ваквите аспекти! Уживајте во обновувачката атмосфера.
Близнаци
Сосема нов ветар донесува новитети во вашиот љубовен живот, а вие нема да жалите поради тоа. Ѕвездите најавуват нов почеток. Ќе бидете во можност да преземете предност во својот живот и да ја тестирате сопствената слика за себе. Веројатно нема да бидете разочарани од резултатот. Ќе бидете среќни и ќе имате причина за тоа.
Рак
Ќе бидете среќни кога ќе дознаете дека денешниот ден носи промени во вашиот живот. Почнувајќи од денес и наредните неколку месеци, ќе бидете вчудоневидени од промената на односите во сите врски (љубовни и пријателски). Акцентот ќе биде на новите луѓе и на проширувањето на своите хоризонти.
Лав
Можно е во претстојниот период да бидете помалку друштвени и повеќе да се свртите кон себе. Од денес тоа се менува, а вашата насока ќе биде насока на промени. Ќе бидете посмирени и поразумни. Повеќе ќе се фокусирате на иднината. Имате период од околу еден месец за да ги поставите новите цели!
Девица
Неопходно е да пиете многу течности ако сакате да имате доволно енергија за цел ден. На работното место нека не ве опседнуваат темни мисли и критики. Фокусирајте се на она што мора да се заврши до крајот на неделата. На поле љубов дајте шанса за објаснување, не бидете тврдоглави.
Вага
Вие сте личност која го обожава балансот меѓу личниот и професионалниот живот, но во претстојниот месец, работата ќе има приоритет за вас. Сонцето влезе во вашата 10-та куќа на кариерата и долгорочното планирање. Какви одлуки и да носите во претстојниот период, морате да размислувате за иднината, а не да живеете од денес за утре.
Скорпија
Ќе откриете информации за близок човек кои нема да ве остават рамнодушни, но мора да останете дискретни. На работното место довршете ги започнатите обврски, пред некој друг да го направи тоа и да биде награден за вашиот труд. Во љубовта уживајте во хармонијата и мирната атмосфера. Не очекувајте многу промени.
Стрелец
Не, во никој случај нема да сакате да ги споделите вашите тајни пред љубопитните лица од вашата околина во претстојниот месец. Сонцето ќе премине во вашата куќа на интимноста и ќе ве поттикне да ја цените максимално вашата приватност. Некои Стрелци ќе почувствуваат зголемено либидо, што ќе резултира и со зголемена физичка интимност. Ако сте во врска, страста ќе ве обземе.
Јарец
Не ги менувајте плановите во последна минута, денес држете се до рутината ако сакате да бидете ефективни. На работното место не давајте ветувања кои се тешки за исполнување. Прифатете ги советите и критиките од пријателите, посебно ако се однесуваат на вашиот љубовен живот.
Водолија
Денес ќе чувствувате огромна мотивираност за вежбање и за создавање здрави трајни навики. Сонцето ќе започне патување во вашата куќа на здравјето и фитнесот и ќе ве поттикне да ја замените калоричната храна во фрижидерот со поздрави варијанти. Не правете компромиси кога е вашето здравје во прашање. Дури и ако треба да инвестирате дополнителни средства, направете го тоа.
Риби
Полни сте со добри идеи, но мора да соберете храброст за првиот чекор. Разговарајте со поискусни лица. Ви треба одмор од приватните драми и кавги. Изолирајте се и посветете се на активностите кои ве релаксираат. Во љубовта, прифатете ги новите познанства со насмевка.