Програмата на Обединетите нации за животна средина (The United Nations Environment Programme – UNEP) неодамна објави листа на најбарани вештини што можат да ги наведат младите луѓе да изберат една од “зелените“ професии.
Системско размислувањe
Иако оваа вештина е пожелна за повеќето работни места, без разлика дали е “зелена“ или не, систематското размислување ќе се цени од година во година со цел соодветно да одговори на предизвиците на енергетската транзиција. Во иднина ќе се создадат бројни работни места насочени кон подигање на ефикасноста, одржливоста и изнаоѓање нови решенија, а поединците кои ја развиле оваа вештина ќе бидат многу барани.
Креативни вештини
На родителите обично им се “дига косата на главата“ кога нивното дете ќе им каже дека има намера да се занимава со уметност, иако ова сценарио, според предвидувањата на UNEP, наскоро ќе се промени. Дизајнерите, музичарите, режисерите, фотографи, актери и други креативци кои имаат моќ да ги инспирираат луѓето ќе играат важна улога во зелената трансформација на нашата планета.
Наука
Се очекува науката да биде уште повеќе вреднувана во иднина, особено екологија, хидрологија, геологија, метеорологија, биохемија и други дисциплини важни во борбата против климатските промени.
извор: biznisinfo.mk