Дали по перењето облеката ви има непријатна миризба, а во внатрешноста на гумата на веш машината или во преградата за прашок се појавиле црни дамки? За да се решите од оваа непријатна појава сторете го следното.
Ќе ви биде потребно:
-течно средство за чистење (пожелно е да содржи хлор)
-сунѓер (кој нема да ви биде жал да го фрлите)
-ракавици
-25 грама лимонтус
Постапка: -Првиот чекор во борбата против мувлата е обично бришење со хартиено марамче на внатрешноста на веш машината за да се решите од насобраната прашина
-Потоа нанесете било какво средство за чистење (пожелно е да содржи хлор) на гумата, по целата површина, рамномерно распоредувајќи го. -Затворете ја вратата и оставете така 2 часа. -По истекувањето на времето, вклучете ја машината на режим „плакнење“, за да се испере средството за чистење.
-Потоа во преградата за прашок сипете го лимонтусот и вклучете ја машината на највисока температура. По оваа процедура, вашата машина ќе светне како да е нова. Повторете ја оваа процедура по потреба за месец дена, за да конечно се ослободите од мувлата.
И не заборавајте дека превентивното одржување значи продолжување на животниот век на вашата веш машина.