Во новата реклама Emirates качија стјуардеса на врвот на Бурџ Калифа
Компанијата Emirates Airline откри што се случило во создавањето на нивното неверојатно ново видео… Emirates се најде на насловните страници оваа недела, бидејќи нејзиното ново вирално видео ги натера сите да се запрашаат: Дали е реално?
Компанијата објави видео во кое го слави тргнувањето на Обединетите Арапски Емирати од црвената листа на Велика Британија кога станува збор за граничните мерки поврзани со пандемијата.
Како што се вели во видеото, ова направило компанијата да се чувствува како да е на врвот на светот. Затоа, инфлуенсерката Никол Смит-Лудвик, облечена како стјуардеса се качила на врвот на Бурџ Халифа највисоката зграда во светот, висока 829,8 метри и има дури 163 катови.
Taa е светски патник, инструктор по јога, планинар и авантурист, како што е опишано во нејзината биографија на Инстаграм.