Нема да се седи за џабе!
Додека летната сезона е сеуште во тек, впечатоците, искуствата и забелешките на туристите не престануваат да се споделуваат на социјалните мрежи. Туристите најчесто се жалат на долгите редици на границите и цените во познатите летувалишта, а фотографијата што неодамна се појави на Фејсбук, е уште една причина за потсмев на сметка на угостителите.
Имено, на Фејсбук страницата Podgoricki vremeplov објавена е фотографија од фискална сметка издадена на плажа во Будва, на која како ставка е напишан одговорот на тројца гости „Не сакам ништо“, а „ништотo“ им го наплатиле по 50 центи на секој.