Македонската кошаркарска федерација во периодот од 27. јули до 6. август ќе биде организатор на Европско Првенство (дивизија Б) за кошаркари до 18 години. На ова првенство, кое ќе се одигра в Скопје, учество ќе земат 24 репрезентации од Европа кои се натпреваруваат во вториот ранг на континенталниот собир за јуниори.
МКФ го објавува овој конкурс за ангажирање на лица кои ќе бидат дел од локалниот организациски комитет (ЛОК) и кои ќе придонесат за успешна организација.
Отворени позиции:
- Одговорни лица за репрезентации (23 позиции)
- Одговорни лица за хотел (10 позиции)
- Најавувач на натпревар во спортска сала (3 позиции)
- DJ во спортска сала (5 позиции); музиката и опремата е обезбедена од МКФ
- Лице за одржување на терен во спортска сала за време на натпревари (5 позиции)
Заинтересираните можат да се пријават со испраќање на CV со фотографија на jane.petkovski@basketball.org.mk, со назнака „За конкурс за ЕП во Скопје“.
Пријавените треба да бидат на возраст од 18 до 25 години и со задолжително добро познавање на англискиот јазик.
Рокот за пријавување е до 27. јуни.
извор: факултети.мк
КОНКУРС од МКФ: Отворени се 46 позиции
Posloprimci
-
Кажете го вашето мислење и освојте награда!
Добиј гратис викенд со одговор на едно прашање!
-
Работа во странство – колку чини сонот за подобар живот?
Многу македонски семејства денес живеат со приказната на гастарбајтерите – едни се во татковината, други се илјадници километри далеку во потрага по подобра иднина.
-
БЛАГ ПОРАСТ: Просечната нето-плата во септември изнесувала 41.585 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември годинава изнесувала 41.585 денари, соопшти Државниот завод за статистика.
-
Илон Маск бара луѓе од кој било дел на светот за работа од дома: Плата од 270.000 долари годишно
Понудите за работа од компанијата на Илон Маск се достапни на официјалната веб-страница на компанијата, каде што нудат плата од 270.000 долари годишно.
-
Задоволството на вработените – основа за успешни компании
Работното место е повеќе од простор за извршување на задачи – тоа е динамична средина каде што расположението на вработените игра клучна улога во нивната продуктивност, мотивација и целокупна благосостојба. Кога вработените се чувствуваат добро на работа, тие не само што даваат подобри резултати, туку и стануваат клучен фактор за успехот на компанијата.
-
Мали трикови за добро CV: Еве како да го спремите вашето за Регионалниот саем за вработување!
Привршуваат последните подготовки за Најголемиот онлајн регионален саем за вработување! А дали вие дали сте во потрага по нова работа или можеби сакате мотивација и промена на веќе постоечката? Еве како да се пријавите на огласите на саемот!