Замислете дека одите на интервју за работа и регрутерот кој ве интервјуира ве носи за рака до неговата канцеларија. За време на разговорот, тој доживува (лажен) срцев удар. Што ќе направите во таква ситуација? Одлуката која ќе ја донесете во тој момент прави разлика помеѓу животот и смртта. Токму една таква реклама се појави во продукцијата на Хајнекен пред неколку години.
Хајнекен отсекогаш била оригинална во промовирањето и приближувањето кон своите клиенти. Како што покажува видеото подолу, меѓу 1734 -те кандидати, Гај Лухтинг покажал најголема смиреност во своето интервју за работа што донело работа на настанот од Лигата на шампионите во Торино, на натпреварот помеѓу европските фудбалски клубови Јувентус и Челзи. Неговата смиреност и решителност му овозможиле да присуствува на големиот фудбалски спектакл, но она што се случувало пред вработувањето и по натпреварот, погледнете го во видеото.