Фирмите кои не можат да ги преземат листите за стажот и платата на вработените да се обратат до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за да ги преземат фајловите, апелираат денеска од Фондот. Тие два пати годишно до обврзниците доставуваат податоци за стаж и плата за нивните осигуреници на меил адреси кои фирмитеги доставиле до Центарелн регистар.
„За групата обврзници, за кои дистрибуцијата не е успешна, на веб страницата на Фондот објавен е посебен фајл со идентификатори за таквите обврзници, ЕДБ, е-маил адреса и копија од опис на причината на повратната порака. Неопходно е обврзниците да преземат соодветни мерки за отстранување на причините заради прием на тековните фајлови, но и соодветни прилагодувања на сопствената инфраструктура за информатичка технологија и комуникации, за да можат да ги примаат листите во редовна процедура. Обврзниците кои не ги добиле листите на е-маил адресата пријавена во ЦРСМ, да се обратат до раководителот на соодветната Филијала/Деловница на Фондот на ПИОСМ, за да ги преземат фајловите со листи за стаж и плата на мемориски стик (УСБ), велат од Фондот.
Фирмите кои не добиле фајл со листите за стаж и плата и ги нема на објавената листа за неуспешна дистрибуција, да си ги корегираат податоците во регистар.