Кина забрани учениците на возраст од 6 и 7 години да полагаат испити, со цел да им го намали прекумерниот стрес.
Промената која ја воведе Министерството за образование на Кина се воведува како дел од напорите за намалување на стресот на учениците. Според новите правила, дури и учениците од повозрасните групи во основните училишта би требало да полагаат испити само на крајот од секоја учебна година. Кинеска влада смета дека учениците треба да се растеретат од задачи и да имаат повеќе време за спортување.
Најавени се реформи и во приватното образование, а на институтите за образование им е забрането да вршат настава за време на викенди. Приватното образование за деца помлади од шест години целосно ќе се укине.
Кинеските државни медиуми коментираат дека ова е чекор да се осигура праведен образовен систем, затоа што родителите кои не можат да платат дополнителни приватни часови се во понеповолна положба од оние кои можат.
Иавор: kajgana.com