По неколкумесечни шпекулации, конечно е познат официјалниот датум на пристигнување на новиот оперативен систем на Microsoft, Windows 11.
Windows 11 од 5 октомври ќе биде достапен како бесплатна надградба за компјутери со Windows 10, како и за сосема нови компјутери што се испорачуваат.
Сепак, треба да се напомене дека надградбата на Windows 11 нема да биде достапна за секого од првиот ден, туку дека достапноста ќе биде постепена. Приоритет ќе имаат компјутерите со понов хардвер, а ќе се користат „модели на интелигенција“ за да се утврди кој прв ќе ја добие надградбата. Сигурноста и староста на уредите ќе бидат меѓу одлучувачките фактори.
Сите уреди што поддржуваат Windows 11 ќе добијат надградба до средината на 2022 година, додека корисниците на постарите уреди ќе дојдат на ред на самиот крај.
Некои од уредите купени со Windows 10 ќе бидат на „брзата лента“ за добивање на Windows 11, а тоа се моделите на Acer, Asus, Dell, HP, Lenovo, Samsung и, секако, Microsoft.
Поддршката за апликациите на Android нема да биде достапна од самиот почеток.
Windows 11 доаѓа со освежен Start интерфејс со Snap Layouts, виџети и Teams интеграција. Исто така редизајниран е и Microsoft Store, кој сега овозможува и работа на продавници од трети страни во неговите „ѕидови“. Технологии како DirectaX 12, DirectStorage и Auto HDR ветуваат дека ќе им бидат од помош на гејмерите.
Сепак, постојат и недостатоци. Освен изостанокот на поддршка за апликации за Android на почетокот, системските барања се доста високи. Технички, Microsoft ќе дозволи инсталирање на Windows 11 на хардвер кој не го поддржува според неговите спецификации, но овие корисниците потоа би можеле да останат без надградби.