Од време на време, WhatsApp известува дека ќе престане да работи на некои модели на мобилни телефони, и имаат причина зошто го прават тоа.
Ако се прашувате како и зошто WhatsApp испраќа известување повремено дека ќе престане да работи на некои мобилни телефони, причината е што постарите модели едноставно повеќе не ги поддржуваат додатоците и новите верзии на WhatsApp поради нивните застарени технички карактеристики.
Затоа оние кои имаат понови модели на мобилни телефони, не мора никогаш да се плашат дека нема да може да имаат WhatsApp. Само оние што имаат стари мобилни телефони треба да ги следат таквите листи, за да не им се случи еден ден да останат без оваа апликација за комуникација, особено, ако ова е нивната главна апликација за допишување што ја користат. Сега, од ноември, повеќе нема да биде достапен за секој што има верзија Андроид 4.0.4 или за оние кои имаат iPhone со iOS-9 или уште постара верзија на тој оперативен систем.
Net.hr ја објави комплетната листа на уреди што припаѓаат на оваа категорија, за да им олесни на корисниците на WhatsApp за полесно да се снајдат и да видат дали нивниот мобилен телефон е меѓу нив. Станува збор за следните модели:
Samsung: Galaxy Trend Lite, Galaxy Trend II, Galaxy SII, Galaxy S3 mini, Galaxy Xcover 2, Galaxy Core and Galaxy Ace 2.
LG: Lucid 2, Optimus F7, Optimus F5, Optimus L3 II Dual, Optimus F5, Optimus L5, Optimus L5 II, Optimus L5 Dual, Optimus L3 II, Optimus L7, Optimus L7 II Dual, Optimus L7 II, Optimus F6, Enact , Optimus L4 II Dual, Optimus F3, Optimus L4 II, Optimus L2 II, Optimus Nitro HD and 4X HD i Optimus F3Q.
ZTE: Grand S Flex, ZTE V956, Grand X Quad V987 i Grand Memo.
Huawei: Ascend G740, Ascend Mate, Ascend D Quad XL, Ascend D1 Quad XL, Ascend P1 S i Ascend D2.
Sony: Xperia Miro, Sony Xperia Neo L i Xperia Arc S.
Alcatel: One Touch Evo 7.
Apple: iPhone SE, 6s i 6s Plus.