Романскиот чевлар Григор Луп, кој има продавница во градот Клуж и е познат по тоа што прави чевли за оние што не одговараат на стандардните големини, направи огромни чевли што ќе спречат некој да ви се приближи и со тоа ќе ве заштити од вирусот корона.
За време на првиот бран, тој веќе дизајнираше и направи таканаречени „чевли за кoрона“, а сега излезе со нова колекција - направи чизми кои имаат иста намена и еден пар чини 150 евра.
Чизмите се направени од крзно и имаат дебел ѓон, а за нивно производство, потребна е три пати повеќе кожа отколку за обичен пар чевли, изјави Луп, кој четири децении го практикува овој занает.
Тој вели дека чевлите се со големина број 75 и дека идејата му помогнала да ја задржи својата работа. Идејата ја добил кога забележал дека луѓето стојат премногу блиску еден до друг и не го почитуваат растојанието од два метри.
Покрај примањето на вообичаените нарачки, романскиот чевлар беше контактиран од уметници, вклучувајќи белгиска танцова група и американски рок бенд.
Луп правеше чевли за театри и опери, фолклорни групи, и бидејќи обемот на работа беше намален поради пандемијата, најде нов извор на приход.