Американската технолошка компанија „Facebook“ ги пушти во продажба паметните очила Ray-Ban Stories, развиени во соработка со компаниите „EssilorLuxotticа“ и „ Ray-Ban“.
Паметните очила Ray-Ban Stories овозможуваат снимање фотографии и видеозаписи, размена на датотеки, слушање музика и испраќање повици, се наведува во соопштението на компанијата.
Почетната цена е 299 долари, а ќе бидат достапни во 20 различни дизајни. Ќе може да се купат во продавниците во САД, Австралија, Канада, Ирска, Италија и Велика Британија.
Очилата се направени се две камери со резолуции од 5 мегапиксели, што овозможува снимање фотографии и видео-записи во траење до 30 секунди со помош на копче или гласовниот асистент на Facebook.
Уредот е опремен и со три микрофона и звучник, а синхорнизацијата со специјалната нова апликација Facebook View овозможува испраќање снимки директно на социјалните мрежи и на инстатн месинџерите, како и складирање на телефон и нивно подоцнежно уредување.
За луѓето во близина да знаат кога корисникот снима фотографија или видео-запис, ќе свети LED жичена сијаличка.
Паметните очила Ray-Ban Stories се првиот производ којшто произлезе од повеќегодишното партенство на „Facebook“ со „EssilorLuxotticа“.