
Ги советуваме македонските туристи, секогаш внимателно да ги прочитаат условите на понудите и туристичките програми, за детално да се информираат пред да донесат одлука за уплаќање аранжман, независно дали во земјата или во странство, особено при он-лајн купувањето“, соопштуваат од Комората.
Стопанската комора за туризам на Македонија (СКТМ) тврди дека цените на туристичките аранжмани зависат од видот на сместувањето и дестинацијата и ги советуваат граѓаните да не наседнуваат на информациите дека туристичките аранжмани во Србија се поевтини од македонските.
„Голем дел од агенциите во Србија, покрај објавената цена на аранжманот во евра, наплаќаат и динарски износ по лице за извршената резервација. Ги советуваме македонските туристи, секогаш внимателно да ги прочитаат условите на понудите и туристичките програми, за детално да се информираат пред да донесат одлука за уплаќање аранжман, независно дали во земјата или во странство, особено при он-лајн купувањето“, соопштуваат од Комората.
СКТМ воедно укажува да не се генерализираат поединечни искуства зашто на тој начин македонските туристи се доведуваат во заблуда и се нанесува штета на домашните туроператори.
Оваа реакција на СКТМ доаѓа по информациите во кои се повикуваат граѓаните да купуваат туристички аранжмани во агенции во Србија