Купуваме најскапа храна од 70-тите години, па наваму. Ова е удар за многу држави Влади
Светските цени на храните се околу 33 отсто повисоки во август, во споредба со една година претходно, покажуваат податоците на Организацијата на ООН за исхрана и земјоделство.
Владите можат да интервенираат и да поттикнат пониски цени за одреден период.
„Но, тие не можат да го прават тоа бескрајно“, вели Kyлeн Xeндpиĸc, експерт во Реtеrѕоn Іnѕtіtutе fоr Іntеrnаtіоnаl Есоnоmісѕ.
Само неколку дена откако ја ослободи владата и ја блокираше работата на парламентот, претседателот на Тунис Каис Саид им нареди на производителите и трговците да ги намалат цените на одредени производи. Црвеното месо е поевтино за околу 10 отсто, а овошјето – за 20 отсто.
Во Романија, владата на премиерот Флорин Кацу подготвуваше планови за намалување на зависноста од увоз од странство, со цел намалување на трошоците и трговскиот дефицит. Но, политичката криза во земјата, ја стави оваа идеја во втор план.
Во Македонија ќе поскапува лебот и маслото за јадење.