Не е тајна дека тензиите меѓу работодавачите и вработените поврзани со враќањето назад на работното место со физичко присуство растат се` повеќе. Колку што работодавачите притискаат да ги вратат вработените назад во канцеларија, толку повеќе работниците заземаат поцврст став. Анкета спроведена во април 2021 год од страна на FlexJobs откри дека 60% од жените и 52% од мажите би дале отказ ако не им е дозволено да продолжат да работат на далечина, барем дел од времето. Шеесет и девет проценти од мажите и 80% од жените кажале дека опциите за работа на далечина се меѓу првите работи што ги земаат предвид кога бараат нова работа.
„Официјалните“ причини поради кои не сакаат да се вратат на работа со физичко присуство се документирани. Се чувствуваат попродуктивни. Полесно е да се спои работата и приватниот живот кога патот до работното место се состои од прошетка по домашниот ходник. Но за некои, причините се многу полични и потешки за споделување. Кој ќе го шета кучето што сте го посвоиле за време на пандемијата? Некои се здебелиле и треба да купат нови алишта за на работа. Некои заробеноста на бирото цел ден ги тера да плачат.
Авторот на оваа статија разговараше со неколку различни лица кои ги споделија нивните лични причини зошто не сакаат да се вратат на работа. (Поради сензитивната природа на некои од коментарите, бизнис порталот Fast Company дозволи некои поединци да користат псевдоними за да го заштити нивниот идентитет).
„Потребно ми е да дремнам во текот на денот“
Од 2013 год, кога инцидент за време на искачување на планина предизвикал повреда на рбетот и биле потребни две операции, Лин (не е нејзиното вистинско име) се справува со хронична болка и проблеми со спиењето. Како резултат на тоа, често пати е уморна во текот на денот и сфаќа дека не се чувствува најдобро, особено после ручек кога често пати ја совладува умор.
„Кога сум на состаноци и луѓето ме преплавуваат со прашања, не можам веднаш да дадам одговор или ги кажувам погрешните работи,“ вели таа. Не се чувствувала удобно да разговара со нејзиниот шеф или колегите за проблемите со кои се соочува и како и за тоа дека се справува со анксиозност, депресија и губиток на коса во последните години како резултат на проблемите со спиењето. Но, за време на пандемијата, таа успеала да го прилагоди распоредот за да може да дремне за време на паузата за ручек и периодично да се одмори кога и` е потребно. (Истражувањата ни кажуваат дека дремките се добри за мозокот).
Откако работи од дома, нејзината продуктивност значително се зголемила – и нејзиниот претпоставен го забележал тоа и почнал да ја фали за нејзината работа. Таа се чувствува побрза и поздрава. Нејзината најголема грижа во моментов, вели таа, е дека ќе треба да се откаже од рамнотежата што конечно ја постигнала.
„Би се откажал од повисока плата за да можам да продолжам да работам од дома“
Мејлин Гонзалес, сертифициран сметководител за Inc and Go, компанија која менаџира вебсајт за новооформени бизниси, се соочува со дилема. „Ја обожавам мојата кариера, ја обожавам мојата работа и имам одлични бенефити што вклучуваат доживотна пензија – нешто што е многу ретко на денешниот пазар на труд,“ вели тој. „Сепак, како и се` во животот, има цена што треба да се плати: моето патување до и од работа,“ додава тој. Гонзалес патува два саати секој ден, што во текот на една недела е повеќе од 20 часа што ги троши да стигне и да се врати од работа.
Гонзалес вели дека никогаш претходно не размислувал колку многу време поминува во пат се` додека не почнал да работи од дома за време на пандемијата. Тоа екстра време – што е еквивалентно на работа со половина работно време – го искористил за да оди на вежбање, да поминува време со неговата жена и деца и пак да ги заврши работните обврски.
Сега кога се соочува со враќањето назад на работа, тој не е подготвен да се откаже од тоа време. Тој и неговите колеги ги споделиле нивните грижи со работодавачот, но не мисли дека работата на далечина ќе биде опција. Тој вели дека е дури желен да се откаже од покачувањето на платата за да може да ја задржи флексибилноста. „Ова е мојата главна грижа кога станува збор за враќање во канцеларија,“ вели тој. „Верувам дека моето расположение за работата нема да биде исто“.
„Во процес на заакрепнување сум“
Се` до пандемијата, Френк (не е неговото вистинско име) работел во луксузен ресторан во Филаделфија. Тоа што неговите колеги не го знаеле претходно е дека се борел со алкохолизам. Средината во која имал отворен пристап до алкохол и колеги кои обожавале да одат на пијалаци после работа, му правела проблеми во поглед на откажувањето.
Но, иако многумина се соочиле со зголемување на проблемите поврзани со злоупотреба на супстанции за време на изолацијата во пандемијата, Френк успеал да ја стави неговата зависност под контрола, вели тој. Сега кога ресторанот целосно ги врати услугите и му нуди можност да се врати на неговата стара работа, тој се грижи дека ќе го загрози процесот на опоравување. „Повеќето луѓе не закрепнуваат бидејќи не сакаат да го променат животниот стил,“ вели тој. Ако одбие да се врати на старата работа, ќе има проблем со пари, но тој е прилично сигурен дека ќе се обиде да не се врати. „Исто така, не сакам да признаам пред сите колеги дека сум алкохоличар во опоравување,“ додава тој.
„Не сакам да се откажам од тезгата“
„Мојата неволност да се вратам на работа е цената на патот до и од работа,“ вели Шондра (не е нејзиното вистинско име), која работи како професионалец во областа на односите со јавност во Њујорк. Пред да биде отпуштена во април минатата година, станувала во 6 часот наутро за да има доволно време да се подготви, да го прошета кучето, да патува до работа и да почне да работи во 10ч. Откако ја отпуштиле, почнала да работи хонорарно како фриленсер, што и` донело прилично високи хонорари и било нешто што лесно можела да го работи од дома.
Шондра има нов работодавач, но планот дали вработените ќе треба да се вратат назад во канцеларија со полно работно време е „многу нејасен“, вели таа. Сега за сега, има доволно време да ги заврши задолженијата за нејзиниот работодавач и да работи на нејзините хонорарни проекти. Тоа нема да може да се оствари ако се врати назад на долгиот пат до и од работа. Дополнително, помислата дека ќе користи јавен превоз со толку многу други луѓе и` создава непријатности од гледа точна на сигурноста, вели таа.
Таа чека да види што ќе се случи, но не сака да се откаже од хонорарната работа што и` помогнала да го преброди отказот. „Тоа ми овозможи да создадам уабава безбедносна мрежа, ако не дај Боже, нешто слично се случи повторно,“ вели таа. „Не сакам да ја изгубам таа можност со тоа што ќе треба да се вратам назад во канцеларија со полно работно време“.
Извор: womeninadria.mk