„Само уште 5 минути, само уште 5!“, колку пати го имате кажано ова наутро откако заѕвонил алармот? Првата реакција на мнозинството е да го одложи будењето, но можеби тоа не е толку мудар потег.
Подолу откриваме што точно се случува со вашето тело ако го одложите алармот, барем за посакуваните пет минути.
Намалено ниво на енергија
Верувале или не, вашето тело почнува да се буди речиси два часа пред конечно да ги отворите очите. Со зголемување на телесната температура и ослободување на хемикалии за будност, вашето тело и мозок работат заедно за да ве кренат од кревет. Кога ќе се разбудите по првиот аларм, вашето тело веќе е влезено во овој процес на будење.
Телото цел ден страда
Ако не ја добиете препорачаната количина на сон за вашата возраст, рутината на вашето тело е веќе прекината. Значи, ако спиете само неколку часа и конечно го притиснете копчето за одложување, вашето тело ќе се движи побрзо до почетокот на целосниот циклус на спиење. Како што се покажа, овие рани фази на спиење се всушност најлошото време за будење. Значи, дури и ако не сте спиеле доволно, одложувањето на алармот ќе направи да се чувствувате уште полошо.
Со често одложување на алармот, може да предизвикате вашиот мозок уште потешко наутро да се буди. Некои истражувачи на спиењето веруваат дека хроничната употреба на копчето за одложување го обучува вашиот мозок кога ќе слушне аларм да размислува „само уште неколку минути“, а не „време за будење“. Иако многу ретката употреба на копчето за одложување можеби нема да има таков ефект, тоа редовно ќе придонесе за уште потешко будење и континуирано чувство на несоница.