Германскиот телекомуникациски оператор „Deutsche Telekom“ планира да затвори околу 10.000 работни места во својот главен партнер за услуги „T-Systems“, од кои 6.000 во Германија, соопшти портпаролот на компанијата.
„Deutsche Telekom“ сака да заштеди 600 милиони евра до 2021-ва година и да ги ре-инвестира во определени како повеќе стратешки активности, особено во предлогот за интернет безбедност, додаде тој.
„Реструктуирањето е скапо, бидејќи сакаме да го направиме исто така и социјално изводливо, но оваа инвестиција се исплати“, рече за весникот „Ханделсблат“ шефот на „T-Systems“, Адел ал Салех.
Опфатените филијали кои нудат информативни решенија на компаниите, имаат околу 43.724 вработени во светот и се обележани како најслабата алка на германскиот телекомуникациски гигант.
Претседателот на „Deutsche Telekom“, Тим Хотгес веќе предупреди во февруари дека „ќе ги спроведе потребните корекции, особено во „T-Systems““, за да ги направи рентабилни сите активности на групацијата.
„Наместо да најдат решенија за трајно прорентирање, тие избраа еден неверојатен план со мерки за штедење, кратенки и широко уништување на работни места“, изјави во соопштението претставникот на Обединетиот синдикат на вработените во сферата на услугите – „Verdi“, Михаел Јекел.
Услугите на филијалата на „T-Systems“, создадени во 2001-ва година, нудат интеграција на системи, управување со информации, телекомуникациски услуги и решенија за меѓународни оператори.
denar.mk