За повеќето луѓе работата е бескрајна листа на задачи што треба да се завршат - има многу работи што треба да се направат и навидум никогаш се нема доволно време. Но, за еден човек во Јапонија, спротивното е точно. Шоџи Моримото (37) живее во Токио и од 2018 година се нуди „под кирија“ да не прави ништо. Да, воопшто ништо.
Тој прима барања од луѓе преку својот Твитер профил, кој во моментов има над 260.000 следбеници. „Ангажирам лице (јас) што не прави ништо“, се наведува во биографијата на Твитер.
Секоја сесија чини 10.000 јапонски јени (околу сто долари), плус трошоци за превоз и храна. Моримото проценува дека примил околу 3.000 барања од почетокот на бизнисот, обично се среќава со два до три клиенти во еден ден. Но, што всушност значи „ништо“?
„За време на услугата, ги следам моите клиенти . Одговарам на нивните прашања, ги слушам, кимам со главата кога е потребно“, рече Моримото. „Отпрвин беше малку срамно, но со текот на времето се навикнав“.
Не постои типичен работен ден за Моримото. Еден ден гледа филм во кино, а следниот ден е илјада метри во воздух возејќи со хеликоптер. Тој беше во Дизниленд со клиент и слушаше момче како признава дека изневерува жена за време на брак. Понекогаш тој е таму за морална поддршка - на пример, кога придружувал некого при предавањето на документите за развод или ја посетувал болницата за да престојува кај пациент кој штотуку се обидел да се самоубие.
Моримото доби идеја да започне услуга за само-изнајмување откако ја напушти претходната работа како писател и уредник за наставни материјали.
„Порано го влечев тој комплекс, морав да направам нешто, но не сум добар во ништо. Пробав еден куп работи што мислев дека ќе ми одговараат, но ништо не успеа. Така си помислив: „Не сум добар за ништо, можеби е подобро за мене да не правам ништо“.
Работата на Моримот привлече толку внимание во Јапонија што написите за него беа емитувани неколку пати на локалната телевизија. Неговата приказна дури и ја инспирираше телевизиската драма Rental Nan mo Shinai Hito, преведена како „Ангажирај човек што не прави ништо“.
Моримото вели дека ова е првпат во животот да е среќен со својата работа.