Без разлика на тоа дали верувате во “негативна енергија” или не, сепак, таква “лоша” енергија може да биде присутна во вашиот дом. Негативната енергија може да предизвика многу чудни и необични работи во вашиот дом и на луѓето кои живеат во него.
Ако сте започнале да се прашувате зошто целото домаќинство некако се влече надолу, постојано недостигаат пари, меѓу членовите постои напнатост и нервоза, нечеста е депресијата и тагата… можеби е време да размислите да го направите овој тест.
Понекогаш овие енергии си го наоѓаат својот пат до нашите домови без наша вина. За среќа, постојат неколку работи кои можете да ги направите за да ги отстраните овие негативни енергии.
Ако сакате да откриете дали постојат негативни енергии во вашиот дом, постојат неколку техники кои ќе ви помогнат во тоа. Со следниов многу едноставен трик ќе дознаете брзо и ќе дејствувате соодветно.
Периодичното чистење на лошата енергијата може да помогне во одржување на хармонијата на куќата и на сите членови на семејството.
Како се појавува енергијата во домот?
На местото во кое живееме, исто така, живеат и нашите енергии. Куќата е простор на единство меѓу членовите на семејството, па така, нивните енергии стануваат вообичаени за тоа место.
Нашите емоции, чувства и мисли не само што произведуваат одреден вид на енергија, туку исто така, тие привлекуваат енергија.
Негативната енергија може да дојде во нашиот дом од различни причини. Членовите на семејството се клучни актери, иако и соседите или посетителите може да влијаат, исто така. Дури и зависта на некој кој влегува во вашиот дом може да влијае врз вас.
Доколку постои негативна енергија во вашиот дом, ќе започнете да ги забележувате следниве знаци:
-среќата повеќе нема да биде на ваша страна
-ќе недостигаат пари и постојано ќе ви се “лизгаат” од раце
-односите меѓу членовите на семејството ќе станат поостри
-ќе владее општа дисхармонија, па дури и вашите миленици доколку ги имате, ќе се однесуваат чудно
-ќе бидете повеќе нервозни, немирни и можеби ќе плачете без причина
-билките ќе венеат
-апаратите ќе започнат да се расипуваат
-ќе се кршат чаши и други садови
-нема да се чувствувате комптно и опуштено во вашиот дом.
Овие знаци нема да ги забележите сите одеднаш, па затоа е важно да постојат и други механизми за откривање на негативни енергии.
Како да се открие негативна енергија со една чаша вода?
Прво, многу е важно да се анализира она што се случува во вашата куќа. Многу често тие не се енергии кои привлекуваат проблеми.
Ако мислите дека не можете да го најдете вистинскиот корен на проблемите, тогаш обидете се со овој трик и детектирајте ги сите лоши вибрации:
1.Земете една чаша од целосно транспарентно стакло. На чашата не смее да има било какви цртежи, боја или резби.
Исто така, имајте на ум дека нема да можете повторно да ја употребите. Ако сте во можност, купете специјално една ваква стаклена чаша која ќе ја користите исклучиво само за оваа намена.
2.Наполнете 1/3 од чашата со морска сол.
3.Дополнете 2/3 од чашата со бел оцет или органска јаболкова киселина.
4.Последната третина дополнете ја со обична, чиста вода.
5.Однесете ја чашата во собата од куќата каде што мислите дека лошите вибрации се најмоќни. Тоа може да биде просторијата во која пречекувате гости, во која најчесто се собирате заедно и слично.
6.Чашата ставете ја во некој скриен агол да отстои 24 часа. Многу е важно никој да не ја допира чашата и да не ја разместува во овој период.
7.Следниот ден треба да се набљудува чашата:
-Ако чашата е иста, онаква како што ја оставивте претходниот ден, тогаш во таа просторија нема лоши вибрации. Чашата пренесете ја во друга просторија и повторете ја постапката на ист начин.
-Ако во чашата се појават меурчиња како во газирана вода, ако се замати или се обои зелено или било што да се случува чудно со чашата, тоа значи дека во просторијата постојат енергетски проблеми.
Во тој случај содржината од чашата треба да се истури во тоалетната школка, а чашата да се измие многу добро.
Потоа додадете ги истите состојки и повторете ја постапката во истата просторија, за следните 24 часови. Повторете онолку пати колку што ќе биде потребно.
vesti24.mk