Време е на нови клиенти, нови купувачи и нови потрошувачи. Информирани, и секогаш во потрага за подобро.
1. Бидете лично одговорни за остварување на нашите желби
Потрошувачите се уморни од пренесување на работата од еден продавач на друг. Тие не сакаат продавач, кој ќе исчезне откако ќе се заврши работата, или ќе му ја префрли на друг колега, туку партнер кој е подготвен да биде покрај клиентот додека не го затвори целиот круг на продажба, и ги реши сите тековни проблеми и прашања.
2. Обидете се да не разберете
Менаџерите на продажба мора да ги разберат купувачите, да ги знаат нивните цели, стратегии, предизвици, платежната способност, и организациската култура. Доколку прескокне да се подготви и не ја заврши својата “домашна работа”, ќе се соочи со потенцијален проблем.
3. Бидете на наша страна
Клиентите имаат мало или немаат никакво влијание врз компанијата. Сепак, внатрешните настани или криза во продажната организација може да влијае врз бизнисот со клиентот. Во тој случај клиентите очекуваат продавачите да бидат на нивна страна, и како нивни “интерни адвокати” да им помогнат во решавање на нивните внатрешни проблеми, а притоа да им обезбедат максимална услуга на клиентите. Тоа не е лесно, но е возможно.
4. Зборувајте со нас на вистински начин
Клиентите сакаат добриот комерцијалист да размислува пошироко од техничките карактеристики и функции, за да бидат целосно интегрирани во реалните потреби на одреден клиент и неговиот секојдневен живот. Тие не сакаат само да ја видат понудата, туку да им се укаже на ефектите на овие понуди за нивниот бизнис. Тие очекуваат професионалниот продавач да биде и бизнис консултант кој размислува за состојбата на купувачот и околностите повеќе од самата трансакцијата.
5. Бидете лесно достапни за клиентите
Предностите на ИТ технологијата се совршени за “sales force”. Потрошувачите очекуваат продажниот персонал да биде постојано на располагање, секогаш и секаде. Менаџерите за продажба кои сакаат да ги исклучат своите мобилни телефони во попладневните часови, треба да си побараат нова работа.