Замислете да имате 20 години и да живеете во потполна природа, во куќа која сами сте ја изградиле со своите 10 прсти.
Во Англија постои едно момче кое тој сон го претворило во реалност. Том сакал да се осамостои, но не сакал да плаќа кирија, па затоа започнал во изградба на мала, едноставна куќа.
Тој започнал да гради на имотот на своите баба и дедо. Кога имал само 17 години, купил приколка на која го започнал градењето на куќата. Сам ја изолирал и приклучил електрична енергија и вода, а до 18-та година од животот, веќе имал дом за себе.
Куќата има соларни панели, но и пумпа за вода која собира дождовница која му служи за туширање. Ова момче за изградба на оваа мала куќа потрошило 5000 евра, а во неа се наоѓа кујна, дневна соба, купатило и мала спална соба.
Погледнете како изгледа домот: