Регистрирањето за ноемвриски термин за аплицирање за работна виза за Германија ќе почне на 5 октомври во 11 часот, објави Германската амбасада во Скопје.
Оттаму додаваат дека листата на чекање ќе биде затворена откако ќе се исполни месечниот контингент, а оние што нема да успеат да се регистрираат за ноември, ќе имаат нова шанса следниот месец.
Од Германската амбасада претходно кажаа дека интересот за програмата во Македонија бил огромен, па страницата за добивање работна виза во Германија била прегледана 50.000 пати во првите неколку дена од отворањето.
ОВДЕ се сите Детали за закажување за виза