Сé повеќе малопродажни синџири кои „заклучуваат“ колички за купување, купувачите можат да ги отклучат користејќи монети од 5, или 10 денари. Меѓутоа, како што обично се случува, токму кога ни треба, нема паричка за лек. Така, малку луѓе наишле на непријатна ситуација, кога ќе сфатат дека нема ситни парички.
Се чини дека не само ние го имаме овој проблем, туку и купувачите ширум светот, па некои од нив сфатија како да го решат проблемот во таа ситуација.
Додека многу луѓе „крадат“ туѓа количка во која веќе има монета, некои смислија едноставен трик каде количките може да се земат без монети или специјални пластични токени. Сé што ви треба е едноставен клуч.
Овој трик кружи веќе долго време на социјалните мрежи. Некои, исто така, ја споменаа можноста да го скршат клучот во отворот или да го заборават клучот и да се вратат дома без него. Од друга страна, многумина се воодушевени и го користат овој трик со години.