Да се биде „мудар“ при формирање буџет и располагање со пари не е воопшто лесно, особено кога станува збор за поголеми инвестиции како купување стан или куќа.
Иако многумина се одмараат при купување имот, мислејќи дека најголемиот дел од работата е завршена, факт е дека опремувањето на истиот може да чини цело богатство. Всушност, има многу „скриени“ или непредвидени трошоци, така што конечната цена може да биде двојно повисока од планираната.
Почнуваме од она што, се разбира, го прави секој дом и она што ни треба - а тоа е мебел. Доколку сакате да заштедите, а тоа е целта на сите, разгледајте ги овие совети од луѓе кои правеа грешки при уредување на домот, но и паметни потези, за на крајот да добиете задоволителен резултат, без премногу да го „истенчите“ паричникот.
Комода или плакар, или и двете?
Идеално, треба да имате доволно пари и простор во станот за сите потребни елементи, бидејќи секој од нив има своја функција. Но, во зависност од квалитетот, брендот и големината, секое поединечно парче обично чини повеќе кога сé ќе се собере на крајот.
Во овој случај, тоа е плакар со дел каде што е инсталирана лента, со цел да се организираат работи што одат на офтингер; тогаш, дефинитивно ви се потребни полици за редење облека, а третиот практичен дел се фиоките.
Ова е моментот кога комодата „испаѓа од игра“, бидејќи денес можете да најдете разни повеќенаменски елементи, и тие не мора да бидат гломазни. Исто така, бонусот е ако има огледало на вратата на плакарот, така што не ви треба посебен елемент.
Дали навистина користите 4 рингли?
Колку и да сте одлична домаќинка, сакате да готвите и да го правите тоа секој ден, претпоставуваме дека не чувате четири јадења на шпоретот во исто време. Дури и ако се појави потреба за тоа, овие не се чести, секојдневни ситуации. Изборот на вградени рингли заштедува простор, а вградената плоча со две или три рингли е секако поевтина од онаа со четири
Дали вреди мебелот „3 во 1“?
Ако пак ја опремите спалната соба или бањата, ќе забележите дека можеби нема да ви требаат два кревета: кревет и софа, туку кревет со клик. На овој начин, заштедувате не само простор во собата, туку и пари. Наместо мала ноќна маса, изберете полици, кои се дефинитивно неопходни за чување книги и други детали.
Опремувањето на бањата е скогаш предизвик. Ако сакате да заштедите и пари и простор, изберете мијалник вграден во плакарот, во чиј долен дел има корпа за перење. Ваквите варијанти се секогаш поисплатливи од поединечните елементи.
Заклучок – Бидете практични во прсторот и времето, па така паричникот помалку ќе страда!