Мобилната телефонија во вториот квартал годинава имала 1.867.694 претплатници кои реализирале 1.523.126.310 минути разговор. Резиденцијални припејд претплатници се 725.868, а постпејд 892.456. Дел од вкупната бројка се и 249.370 деловни постпејд претплатници.
Според податоците на Агенцијата за електронски комуникации 1.398.860 се претплатени на претплатници на пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна телефонија.
Најголем удел на пазарот според бројот на претплатници во мобилната телефонија има А1 Македонија, 49,78 проценти, следи Македонски Телеком со 47,25 проценти, пат Лајка мобајл со 1,76 проценти, Роби 1,19 и Гринмобајл со 0,02 проценти.
И според остварените приходи најголем е уделот на А1 Македонија, вкупно 49,31 процент. Македонски Телеком по тој основ има удел од 49,25 проценти, Роби од 0,96 проценти, Лајка мобајл од 0,45 проценти, а Грин мобиле од 0,03 проценти.
Најголем удел во вкупниот број на активни претплатници на пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2Г/3Г/4Г) во вториот квартал годинава има А1 Македонија со 52,19 проценти, по него е Македонски Телеком со 45,27 проценти, па Роби 1,60 проценти.
Извештајот на Агенцијата за електронски комуникации покажува дека фиксна телефонска линија според сите технологии во тој период имале 420.908 претплатници, кои оствариле 34.301.471 минути разговор, од кои кон странство биле 522.177 минути.
Најголем удел во делот на фиксната телефонија на пазарот и понатаму има Македонски телеком со 52,91 процент од претплатниците. А1 Македонија има удел од 39,73 проценти. Со 4,75 проценти е застапен операторот Роби, со 2,21 процент Неотел, со 0,53 отсто Инфел Нет плус.