Дали сте свесни колку кофеин има во чајот или кафето? Како да знаете што е подобро за вас, кога станува збор за количината на кофеин?
И додека кофеинот најчесто е безбеден за консумација, проблемот се јавува кога го консумирате премногу. Претераната консумација на кофеин може да резултира со анксиозност, немир и главоболка, пишува PinkVilla.
Еве споредба колку кофеин има во кафето, а колку во чајот:
Процесот на подготовка на чај влијае на количината кофеин во него. Листовите чај содржат 3,5% кофеин. Ако ги прелиете во врела вода и така ги оставите подолго време, од нив ќе излезе повеќе кофеин.
Зелениот чај има многу кофеин, меѓу 25 и 45 мг, додека шолја црн чај содржи околу 47 мг кофеин.
Зрната кафе содржат од 1,1 до 2,2 проценти кофеин. И за кафето влијае начинот на подготовка, но добро печените зрна кафе имаат помалку кофеин за разлика до благо печените, зелените зрна.
Еспресото има голема количина кафе, а некои видови пијалаци се подготвуваат со двојна доза еспресо.
Извор: kajgana.com