Министерството за труд и социјална политика соопшти дека понеделник 11 октомври ќе биде неработен ден за сите граѓани во земјава.
„Согласно со Законот за празниците („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 11 октомври 2021 година (понеделник), Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на РСМ“, се вели во соопштението.