Колку пати сте помислиле дека ви е доста од се и дека ќе го избришете профилот на Фејсбук?
1.На кој начин ќе ги паметите родендените на пријателите и познаниците за да им честитате неколку секунди по полноќ?
2.Со сигурност не би им се вратиле на допишувањата преку мeил, каде што ќе чекате половина час за да испратите поголем мeил со 30 слики до вашите пријатели.
3.Како ќе ги „следите“ луѓето кои ве интересираат, или оние со кои имате, или сте имале романтична врска?
4. 80 милиони корисници на Фејсбук играат „Фармвајл“, а тоа е само една игра која се игра преку социјалната мрежа, Колку игри играте вие секојдневно?
5.Потребни се само неколку секунди за пријавување на другите страници преку „Facebook Connect“. На вообичаен начин, тоа ќе ви одземе 10 минути. Предноста е очигледна.
6.Како ќе дознаете за забавите и останатите настани кои се случуваат, каде се одржуваат и во кое време? Сето ова можете на брз начин да го дознаете на Фејсбук.
7. Сте биле на одмор и сте сретнале нови луѓе. Ќе им се јавите или ќе им пратите маил: Не, не прво ќе ги пронајдете на Фејсбук.