Речиси сите луѓе велат дека добиваат вести од социјалните медиуми „често“ или „понекогаш“, што претставува пад од 5 процентни поени од 2020 година, според студијата на Истражувачкиот центар Пју (Pew Research Center) спроведена во периодот од 26 јули до 8 август годинава.
Социјалните медиуми од кои редовно луѓето "црпат" вести се: Фејсбук и Јутјуб. Твитер и Инстаграм се редовни извори на вести за 13 отсто.
Другите социјални медиуми се со помала веројатност да бидат редовен извор на вести. Поретко се бараат вести на Редит (7 отсто), ТикТок (6 отсто), Линкедин (4 отсто), Снапчет (4 отсто), ВатсАп (3 отсто) и Твич (1 отсто).
Луѓето кои редовно примаат вести на Фејсбук се убедливо повеќе жени отколку мажи (64 отсто наспроти 35 отсто), додека две третини од редовните корисници на вести на Редит се мажи. Мнозинството корисници на Линкедин вести (57 отсто) имаат универзитетска диплома.
Помладите, на возраст од 18 до 29 години, повеќе добиваат вести од Снапчет и ТикТок, отколку членовите на другите возрасни групи.