Интервју со Ерик ван Вулпен (Erik van Vulpen), Основач на Академијата за иновација на човечки ресурси (AIHR) и еден од Key note говорниците на 13. Меѓународна MHRA Конференција
Сведоци сме на многу тешки и предизвикувачки години за организациите и луѓето на работното место во последниве неколку години. Можете ли да ни кажете што се промени од почетокот на „Ковид-19“ кризата до денес? (ако е можно, неколку позитивни и неколку негативни сегменти)
Во изминатите две години, едвај може да се најде област во нашите животи што претрпела подлабока промена од онаа во светот на работата. И иако не мора да значи дека KОВИД -19 воведе нови трендови – толку колку што ги забрза постојните - за повеќето организации пандемијата значеше значајна промена во начинот на работа и револуција во тоа каде, кога и зошто нивните вработени сакаат да работат.
Од почетокот на КОВИД-19 пандемијата, видовме дека луѓето значително го преиспитуваат својот однос со работата. До тој степен што милиони работници ги напуштаат своите работни места за да најдат подобра кариера на друго место. Ова доведе до притисок кон поиндивидуализирани работни места - каде што работниците можат да работат на хибриден начин и каде што нивните перформанси не се мерат со часови поминати во канцеларија, туку со вредноста што ја носат за компанијата. Пандемијата и „The Great Resignation“ последователната фаза на преголемо напуштање на работните места заради пандемијата, исто така, повторно ја нагласија потребата за поставување на цел на работното место и подобар баланс помеѓу работата и приватниот живот.
Меѓутоа, од другата страна на овие промени, компаниите се борат со сериозен недостаток на работна сила и таленти. Само во САД, 14 милиони работници ги напуштија своите работни места од април до сега. За да се надминат овие предизвици, многу индустрии (особено во малопродажба) го забрзуваат воведувањето на автоматизација и вештачка интелигенција, ги прошируваат придобивките што им се нудат на вработените (вклучително и програми за учење нови вештини), учат како да ги искористат податоците за да им обезбедат подобро искуство на вработените и како подобро да ја искористат постојната работна сила преку создавање внатрешни пазари за таленти.
Се на се, КОВИД-19 беше една голема „ curveball“ што направи вработените и во исто време ги принуди организациите да се реинвентираат. Тоа е пресвртница за многу компании што бара да се направат значителни промени. Ако не го сторат тоа, можеби и нема да останат да работат долго време.
Дали сметате дека професионалците за човечки ресурси и одделенијата за човечки ресурси имаат клуч за да управуваат со иднината на организациите, во таква променлива средина како денес, кога долгорочното планирање станува сè потешко?
Без разлика дали станува збор за зголемена инфлација, нарушени синџири на снабдување или ситуацијата на постојано менување на процесите за време на КОВИД-19, едно е јасно: живееме во нестабилни и непредвидливи времиња. Правењето предвидувања - а особено долгорочните предвидувања – станува се потешко. Со оглед на тоа, постои една работа што одделите за човечки ресурси можат да ја направат за да им помогнат на нивните компании да не влезат во оваа нова ера на работа целосно слепи: препораката е „научете да ги користите податоците“. Аналитиката на луѓето го поттикнува влијанието на бизнисот, а професионалците за човечки ресурси кои се писмени во таа област (т.е. способни да разберат и да постават метрики, да читаат и толкуваат извештаи, да произведуваат визуелизации на податоците и да ја разберат врската помеѓу податоците за луѓето и бизнисот) може да и дадат на компанијата точна слика за она што се случува денес за да се направат предвидувања за утре. Иако само ова не е секогаш доволно за да се предвиди иднината 100% точно, подобро е да се има некои податоци, отколку да се немаат никакви податоци.
Сега повеќе од било кога е битно вашите одлуки да се базираат на реалноста и фактите, а не исклучиво на впечатоци и чувства.
На која тема ќе говорите на 13. Меѓународна конференција за човечки ресурси?
За време на конференцијата, ќе зборувам за тоа како иднината на работата ќе го наруши HR секторот. Целиот фокус е ставен на тоа како „Ковид“ ја наруши организацијата и луѓето во самите компании, но и дека има видливи последици за одделот за човечки ресурси и професионалците за човечки ресурси што работат таму. Воглавно, тоа е она на што ќе обрнам најголемо внимание во мојата тема.
Каде ја гледате иднината на работата и дали сме подготвени за неа?
Мислам дека иднината го нарушува начинот на кој работиме, особено во човечките ресурси. Размислувам за трендови кои допрва ќе почнат да се применуваат, како што се: зголемувањето на дигиталните способности и вештини што ги поседуваме, автоматизацијата, важностата на донесување одлуки базирани на податоци итн.
Многу бизниси се лошо подготвени за овие трендови. Конкретно за човечките ресурси, чувствувам дека има недостаток на свест за овие теми – и се сомневам дека луѓето би биле подготвени за тоа што следи. Тука лежи вистинскиот предизвик.
Кои се вашите очекувања од 13. Меѓународна конференција за човечки ресурси?
Со нетрпение очекувам да присуствувам на 13-тата Меѓународна конференција за човечки ресурси, и да зборувам на тема што ми е многу блиска и воедно да им помогнам на луѓето да почнат да размислуваат за нивната улога во денешниот постојано менлив свет.
Оригиналното интервју на Ерик ван Вулпен на англиски јазик можете да го погледнете на следниов линк: https://drive.google.com/file/d/13vWL-JXr-iEMCj9MZYkD9SqVXKerpDrt/view?usp=sharing