Фејсбук се користи веќе 17 години, а нијансата на сина боја на неговиот бренд стана препознатлива за милиони луѓе, кои автоматски ја поврзуваат со најголемата социјална мрежа во светот.
Причината за тоа е многу едноставна. Марк Цукерберг, основач и сопственик на Фејбук е далтонист и не ги распознава црвената и зелената нијанса.
– Сината боја е најбогата боја за мене. Јас ги гледам сите нијанси на сината, изјави Цукерберг во една прилика.
Постојат голем број стручни објаснувања зошто бојата е еден од најпрепознатливите фактори за препознавање и конзумирање одредени брендови. Боите потсвесно влијаат врз нашите одлуки, а 90% од проценките за човечкиот мозок се базираат на визуелни карактеристики или бои.