Компанијата „Ич најт“, која нуди совети за подобро спиење, вработува пет лица што ќе бидат платени да спијат. Вработените ќе ѝ помогнат на компанијата да тестира повеќе теории поврзани со дремките.
Од одбраните лица ќе се бара да издвојуваат време за дремки секој ден во период од 30 дена, а тие ќе треба да спијат сами за време на овој период. Лицата треба да имаат и добро познавање од англискиот јазик за да пишуваат извештаи за своите дремки.
На крајот од периодот, секој ќе добие 1.500 долари за ангажманот.
Може да се пријавуваат луѓе од целиот свет кои имаат над 18 години.