Возењето велосипед е еден од најлесните начини во својата дневна рутина да внесете малку физичка активност, а помеѓу останатото, да имате превоз со кој ќе заштедите многу пари.
Причини зошто сме ЗА велосипеди и на дожд:
1. Возењето велосипед го подобрува менталното здравје
Ова е активност која го комбинира физичкото движење со повеќе време поминато на отворено. Дополнително, ве спасува од стрес и нервози во градските метежи, па менталното здравје ви е постабилно.
2. Согорување на калории
Со возење велосипед може да согорите помеѓу 400 и 1000 калории, зависно од брзината и интензитетот.
3. Градење на мускулите
Елементот на отпор во возењето на велосипед ви дозволува да ги изградите мускулите на нозете.
4. Уживање во уште еден појадок
Ако велосипедот ви е средството со кое одите на работа, ќе имате доволно време и согорени калории за уште еден појадок, односно оброк, без грижа на совест.
5. Штедење на време и пари
Со велосипедот ќе заштедите време и пари – она што во последно време постојано ни недостасува.
6. Зајакнување на ориентацијата
Со тоа што ќе одите по споредни патчиња и улички, го вежбате мозокот, односно ориентацијата во просторот.
7. Подобар сон
Ништо ново нема да откриеме тука – колку што сте поизморени, толку подобро спиете.