
Професијата доставувач на храна доживеа експанзија во последните две години во текот на пандемијата со коронавирусот.
На огласите за работа не стигнуваат доволен број на пријави и дури 60 % од кандидатите не се појавуваат на разговор. Она што е интересно е дека аплицираат и Украинци, Македонци и луѓе од БиХ.
Доставувачите на полно работно време и со сопствено возило, ако компанијата им го рефундира горивото, можат да заработат месечно околу 800 евра и повеќе. Ако користат друго превозно средство поради кое работата се извршува побавно или вози помалку часови, тогаш платата изнесува до 500 евра.