Една британска студија ги лоцираше најдобрите места за храна во Европа. На пример, Белград беше дефиниран како идеално место за вегетеријанци. Лондон е идеален за оние што сакаат коктел-барови, Париз за оние што сакаат отмени ресторани, Копенхаген за авангардната гастрономска сцена.
Во друга категорија, Скопје е карактеризиран како главен град на брзата храна. Вкусот на храната е оценет со висока оценка, околу 9,14 од можни десет на скалата. Скопје, исто така, е град во кој оборок во ресторан е најевтин.
Тирана во Албанија е оценет меѓу градовите што мора да се посетат кога е храната во прашање, вели студијата.
Студијата има опфатено ресторани, барови, кафулиња и пабови ширум 1356 европски града. За да се направи студијата анализирани биле 236.854 ресторани.
Топ 10 дестинации за вљубениците во храна:
- Атина, грција;
- Белград Србија;
- Софија, Бугарија;
- Тирана, албанија;
- Валета, Малта;
- Лисабон, Португалија;
- Вилнус, Литванија;
- Братислава, Словачка;
- Загреб, Хрватска;
- Букурешт, Романија;