За добар брак потребно е почитување, разбирање и договор, односно бескомпромисно вложување во емотивниот однос. Сепак, едно неодамнешно истражување дошло до обесхрабрувачки информации поврзани со професиите и бракот.
Страницата за кариера Zippia анализирала податоци од пописот на население на САД, кога дошла до интересен податок за разводот. Имено, луѓето кои се бават со одредени дејности почесто се разведуват од другите.
Висок ризик од развод имаат луѓето кои работат во војска, автомобилската индустрија, логистичарите и военото воздухопловство.
По објавувањето на овие податоци, страницата за кариера Zippia, тврди дека не се официјално утврдени причините за развод кај луѓето вработени во овие сфери, но сугерираат дека главна причина е стресот. Секојдневната напнатост, одговорните функции и пренатрупаниот распоред влијаат врз емотивните односи, пред сѐ бидејќи партнерите помалку се гледаат и не поминуваат квалитетно заедничко време.
Освен тоа, Zippia наведува дека уште една причина која може да се наведе се честите патувања и повторното вклучување на партнерите во секојдневниот живот кога ќе се вратат.
Од друга страна, ова истражување покажало дека верските работници, стоматолозите и логопедите имаат подолги и поцврсти бракови.